Loading Video...
Свет
9. October 2025 - 16:57

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир

Палестинците во Газа и семејствата на заложниците во Израел го слават посстигнатиот договор помегу ИЗарел и Хамас за првата фаза од   мировниот план на  на ТРамп, која вклучува   прекин на  воените дејствија, размена на заложниицте за палестински затвореници  , повлекување на изарелските трупи ан догооврена линија и влез на хуманитрана помош за Газа.  

- Претседателе Трамп, ви благодарам многу. Му благодариме, нашите деца немаше да се вратат дома без него.

- „Се враќаат!“

- Фала му на Бога за прекинот на огнот, крајот на крвопролевањето и убивањето. Не сум единствениот среќен, целиот Појас Газа е среќен, целиот арапски народ, целиот свет е среќен со прекинот на огнот и крајот на крвопролевањето. Ви благодарам и им благодарам на сите оние што беа со нас.“

- Денес сум многу, многу оптимист во врска со веста што ја слушнавме вчера дека преговорите беа успешни. Откако неколку рунди преговори не успеаја, преговорите овој пат беа успешни. Многу, многу, многу сме среќни и се надеваме дека војната ќе заврши и дека ќе се вратиме во нашите домови и на местата каде што живеевме. Се надеваме дека ќе се вратиме на она што беше пред 7 октомври (2023) - за да се врати животот и да преовлада мирот.“

Израелската влада на денешната сеница формално ќе го одобри договореното со Хамас, по што прекинот на огнот во Појасот Газа веднаш ке стапи на сила, а  зиарелските трупи ке почнат  да се повлекуваат на договорена линија, за што се предвидени 24 часа. Откако тоа ке заврши ке почне рокот од 72 часа за Хамас да ги ослободи 20 те  живи заложниците додека  предавањето на телата на починатите 28 залоќници  ќе потрае   подолго  Израел   треба да ослободи 2000 палестинцки затвореници и да дозволи влез на хуманитрана помоп во енклавата.  Прегооворите се водеа во египесткото одморалиште Шарл Ел Шеик со посредство на САД, Катар, Египет и турција. Поракаат за добрата вест од Египет на ливче хартија напишана рачно м у ја врачи Рубиот на ТРамп за време на настан во Белата кука. 

Изарелскиот премиер во обајава на социланите мрежи напиаша  - Со одобрувањето на првата фаза од планот, сите наши заложници ќе бидат вратени дома. Ова е дипломатски успех и национална и морална победа за Државата Израел. Ова е дипломатски успех и национална и морална победа за Државата Израел. Хамас соопшти дека ке го почитува договореното, а истото го бара од Израел.

- Ги повикуваме претседателот Трамп, државите гаранти на договорот и сите арапски, исламски и меѓународни страни да ја принудат окупаторската влада целосно да ги спроведе своите обврски според договорот и да ја спречат да го избегне или одложи спроведувањето на она што е договорено  се вели во соопштението  на Хамас  на Телеграм.

Светските лидери, вклучително и генералниот секретар на ОН, го поздравија договореното. Според наналитичарите, ова  е знаачен момонет, но нема, гаранција дека ќе се постигне мировен договор за Газа, бидејќи двете страни доправа треба да разговараат за уште 16 точки од планот на ТРамп  а најтешки ке бидат  прашањето за разоружување на Хамас и иднотр управуавње со Газа.