Продолжува судењето за „Онкологија“
Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот Онкологија каде прво обвинет е поранешниот директор на оваа клиника, докторрот Нино Васев.
На претходното рочиште тој побара предметот да му биде делегиран на друг обвинител или да го преземе лично Државниот јавен обвинител Коцевски.
По ова судот го одложи рочиштето чекајќи го одговорот на Обвинителството.
Предметот се наоѓа во доказна постапка денеска продлжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог но таа призна вина и доби две години условно.
Обвинението ги товари лекарите за тоа што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.
Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.