Македонија
8. October 2025 - 9:01

Спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава  спроведоа инспекциски контроли  во училишните и кујните во градинките на територија на цела држава.  Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.

За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки,  и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.

Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се  59 килограми храна.

Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и  донесоа 5 решенија за нивно отстранување.