Мали шанси да се укине ветото во ЕУ, но големи шанси за притисок врз блокирачите
Мали се шансите државите членки на ЕУ да се откажат од ветото и да воведат квалификувано мнозинство како начин на донесување на одлуки во Унијата, но тоа секако ќе го зголеми притисокот врз државите што често знаат да блокираат поради билатерални прашања.
Ова е шансата што треба Македонија да ја гледа во новата инцијатива на Словенија, Австрија, Германија и Италија до претседателот на Европскиот совет Кошта за примена на начинот на функционирање.
Сепак, Кацарска не ја поврзува и посетата Фон дер Лаен наредната недела на Скопје со оваа инцијатива иако претседателката на ЕК доаѓа како дел од регионалната тура поврзана со проширувањето.
За инцијативата ветото да замине во историјата на Унијата се зборува веќе неколку години поради геополитички контекст во кој е ставена Европа со војната во Украина. Идејата е квалификуваното мнозинство да го олесни пристапотпред се на Украина и Молдавија.
Деновиве пак, четири држави-членки испратија и писмо во кое наведуваат дека Унијата треба да применува квалификувано мнозинство за технички одлуки во преговорите.
Целта е да се забрза влезот на нови членки до 2030 година со што ќе се избегнат билатерланите блокади што го кочат европскиот пат на државите, меѓу кои и Македонија, поради спорот со Бугарија.
Идејата во Скопје вчера лично ја промовираа и Австриската министерка за Европа Плаколм и словенечката секретарка за европски прашања Грашич.
Европските лидери се поделени околку ваквата идеја, што нејзината реализација ја прави невозможна бидејќи промената на правилата за одлучување треба да се направи по сегашниот систем, на едногласно одлучување.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
