Македонија
5. October 2025 - 16:28

Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип

Расте побарувачката, но и цената за метар квадратен стамбен простор во Штип. Годинава се бележи зголемен број на продадени станови и во трите квартали има пораст од 35 % во споредба со минатата година. 

- Во 2025-та година, до денес, продадени се и поминати низ системот на општината 190 станови, од кои 110 се ново изградени или псоредбено со 2024-та во цела година имало 125 ново продадени станови, што значи дека се забележува тренд на зголемување на продажбата. Инаку., вкупната вредност на поминатите договори во општината за новите станови е околу 7 милиони евра, изјави Драган Каров, одделение за даноци – ЛС- Штип

Од овие средства општината инкасира 4% од вредноста на купорподажните договори, што значи дека во лoкалниот буџет само по овој основ се прибрани 280 000 евра. Овие станови се градени во изминатите години и затоа се продаваат по пониски цени, додека цената за метар квадратен за становите кои во моментот се градат постојано се зголемува.

- По договорите од оваа година некоја просечна цена надминува 1000 евра од метар квадратен, изјави Каров

Стамбен простор за продажба се бара независно од локацијата во градот, додава Каров.

- Нема групирање во еден дел од градот, туку секаде каде што се градат нови згради сите станови се продадени, изјави Каров

Цената за метар квадратен во новоградба во Штип достигна до 1380 евра. За разлика од претходните години кога станови купуваа државјани на Турција за своите деца студенти, сега главно се македонски државјани.