Нетанјаху се надева дека сите заложници наскоро ќе бидат ослободени
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази надеж дека преостанатите заложници во Појасот Газа наскоро ќе бидат ослободени.
-На прагот сме на големо достигнување, рече Нетанјаху синоќа во видео обраќање, пренесе ДПА.
Меѓутоа, тоа сè уште не е апсолутно сигурно.
-Се надевам дека, со Божја помош, ќе можеме да ве информираме во наредните денови, уште за време на фестивалот „Сукот“, за враќањето на сите наши заложници, додаде тој во обраќањето.
„Сукот“, своевиден есенски фестивал на жетвата, започнува во понеделник вечер и завршува на 13 октомври.
-Израел досега успеа да врати 207 од киднапираните на 7 октомври 2023 година, рече Нетанјаху, а постигна и други воени цели, пренесе ДПА.
Нетанјаху тврди дека израелската офанзива во градот Газа создала услови за ослободување на преостанатите 48 заложници, од кои Израел верува дека 20 се уште се живи.
Во првата фаза, исламистичката терористичка организација ќе ги предаде сите заложници, рече Нетанјаху. Истовремено, израелската армија ќе се препозиционира, но ќе продолжи да ги контролира стратешки важните области „длабоко во Појасот Газа“.
Израел и САД се решени да ги ограничат индиректните преговори со Хамас на само неколку дена.
Во втората фаза, Хамас потоа ќе биде разоружан, а Појасот Газа демилитаризиран, објави премиерот.
Ова може да се постигне или дипломатски, во согласност со мировниот план на Трамп, или преку воени средства.
-Ќе се постигне или на лесниот или на потешкиот начин – но ќе се случи, рече тој, повторувајќи слични коментари што ги даде неодамна на заедничката прес-конференција со Трамп.
Паралелно со ова, Нетанјаху рече дека „координирал дипломатска иницијатива со (американскиот претседател Доналд) Трамп“ со која се менува ситуацијата за 180 степени.
-Наместо Израел да биде изолиран, Хамас е изолиран, објасни Нетанјаху, додавајќи дека Хамас сега се согласил со планот на Трамп под воен и дипломатски притисок.
Нетанјаху изјави дека му наложил на израелскиот преговарачки тим да отпатува во Египет за да ги финализира деталите за ослободувањето на заложниците.
Хамас се согласи со делови од планот на Трамп, но не го прифатил експлицитно барањето за положување на оружјето, потсетува германската агенција.
МИА
Ново на Сител
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија
-
Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
-
Бројот на жртви од уривањето на училиштето во Индонезија се зголеми на 36
-
Кампања на МОН „Магијата е во знаењето“: Да го вратиме сјајот и достоинството на професијата наставник