Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош најавува кандидадот за градоначалник на ВМРО-ДПМН, Сотир Лукровски
Со овој проект воведуваме и субвенции за целосна реконструкција на фасадите со што ќе постигнеме поголема енергетска ефикасност, пониски сметки за греење и ладење и поубава урбана слика за Карпош“, рече Лукровски.
Кандидатот за Град Скопје пак утрово во посета на Сарај и Матка презентираше повеќе проекти од програмата. Ѓорѓиевски најавува монтажен паркинг на Матка кој ќе го намали сообраќајниот хаос и ќе ја подобри пристапноста и за домашните и за странските туристи. Со целосна рекнструкција на главаната улица во Сарај пак, според Ѓорѓиевски општината ќе стане побезбедна и за пешаците и за возачите.
Реконструкција на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп и нов кружен тек за побрз и побезбеден сообраќај во градот најавува и кандидатот Дејан Проданоски
Проектот ќе се реализира во две фази. Во првата, ќе ја реконструираме делницата од крстосницата кај Чумовчани до ресторанот ,,Анита” во должина од 1200 метри. Во втората фаза, ќе ја изградиме делницата од 3200 метри, од ,,Анита” до Ново Лагово. Таму предвидуваме доградување на постојниот профил, тротоари од двете страни, како и современи велосипедски патеки, затоа што пешаците и велосипедистите мора да имаат подеднакво безбедно и достоинствено место во сообраќајот, вели Проданоски
Партискиот лидер пак вчеравечер од митингот во Битола испрати директна порака до Ахмети дека неговите игри на етничка карта се научени и веќе се минато.
Него не му е до Албанците, тој само се заканува и игра само на етничка карта. Сакам да му порачам дека овие лекции се научени и се минато, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, а младите што се селеа поради таквите како него да се вратат во државава“, вели Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи митинзи во Теарце, Брвеница, Јегуновце, Ѓорче Петров и Куманово.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
