21. „Бела ноќ“ во Скопје

Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен.
-Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена достапна за сите граѓани. „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град, соопштија организаторите.
Настани ќе бидат организирани во Музејот на Град Скопје, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Детскиот културен центар, Музејот на македонската борба, Домот на култура „Кочо Рацин“.
Настани ќе има и на отворено – од 20.30 часот музички перформанс на плоштадот „Филип Втори“, како и во скопската чаршија – во Сули ан ќе биде претставен француско-германскиот проект „Стара скопска чаршија: визии за иднината“ – презентација на мултимедијалните креации создадени од студентите на Факултет за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет и Архитектонскиот факултет од Скопје. Програмата опфаќа креативни видеа, изложба на фотографии, историски наративи, литературни читања и архитектонски проекти за иднината на старата чаршија. Потоа во Сули ан ќе има концерт на електронска музика „Париз-Берлин-Скопје" со сетови на тројца диџеи.
Во програмата за „Бела ноќ“ се вклучува и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде промовирана книгата „Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)“ - збирка поезија, проза и драма на 15 млади креативци кои учествувале на работилница за креативно пишување организирана од библиотеката.
МИА
Ново на Сител
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
-

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој
