Предизборни активности на помалите партии
Кандидатот за градоначалник на Битола, Јорго Огненовски денеска достави иницијатива до Уставниот суд против како што вели криминалната распределба на финасиите за рекламирање на учесниците на изборите. Малите партии и независните кандидати имаат само 10% да поделат, станува збор за огромен број кандидати и речиси нула финансии споредбено со големите партии.
Бараат Уставен да го поништи овој закон и сите партии да имаат подеднакво пари да се рекламираат за изборите.
А кандидатите од помалите партии и денеска продолжија со предизборните активности. Александар Рашковиќ, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од партијата ТМРО при средба со граѓаните на Кисела Вода увидел дека најгорлив проблем им е Расадник, па доколку стане градоначалник ветува ултрамодерен парк на тоа место.
Да се врати Крушево на народот и на жителите на општината е целта на кандидатот за градоначалник од редовите на Левица, Зоран Јаневски. Вели нема лошо минато и ќе работи чесно за крушевчани.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар