Македонија
3. October 2025 - 13:24

Прегазен пешак во Охрид

На 02.10.2025 околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(74) од Охрид, удрило во пешакот Р.К.(70) од Охрид, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на jавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.