Македонија
3. October 2025 - 12:49

Од понеделник приватните автобуси со редуциран возен ред

Приватните превозници од понеделник ќе возат редуцирано, ако не добијат пари од ЈСП. Директорите на трите фирми велат дека ЈСП им должи 170 милиони денари, од кои доспеан долг е 90 милиони.

Се пожалија дека шест месеци возат без пари. Првиот човек на Јавното сообраќајно претпријатие, пак, тврди дека долгот не е толку голем и ги обвини превозниците дека манипулираат со граѓаните.