Аунг Сан Су Ќи номинирана за член на новата влада на Мјанмар

Јангун, 22 март 2016 (МИА) - Новоизбраниот претседател на Мјанмар Хтин Тјав денеска до Парламентот ја достави листата на 18 кандидати за членови на новата влада.
За многумина изненадувачки е што на листата се најде и лидерот на владејачката Национална лига за демократија, Аунг Сан Су Ќи, која поради уставни ограничувања не можеше да се кандидирана за претседател на државата.
Парламентот на Мjанмар треба да ја одобри предложената министерска листа утре, а ресорите ќе бидат распределени потоа.
Во политичките кругови и медиумите во регионот денеска се појавија шпекулации дека Су Ќи ќе биде формално на чело на Министерството за надворешни работи.
Неспорно е дека таа ќе го има главниот збор и во внатрешната и во надворешната политика на државата која беше под власт на воената хунта од 1962 до минатата година, кога на изборите Националната лига за демократија освои апсолутно мнозинство.
Ново на Сител
-

Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД
-

Мицкоски од Валандово: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните три општини
-

Макрон: Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина
-

Бербок: Реформата на Советот за безбедност на ОН одамна требаше да се спроведе
-

Мицкоски од Конче: Нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места
-

Независниот кандидат за Могила се повлече од трката - ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник
-

Препораки и мерки за актуелната состојба со сметот: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот
-

Касами ја продолжува кампањата за Тетово, рече дека бил градоначалник на сите граѓани
