Македонија
2. October 2025 - 12:41
Екс директорот на затворот во Шутка негира вина
Поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов, кој е обвинет дека со негова дозвола затвореници излегувале од затворот на стартот на денешното судење рече дека не се чувствува виновен.
Во изјава за медиумите појасни дека тоа било негово дискреционо право
Од јавното обвинителство пак велат дека спроводот бил законски регулиран и освен до суд, болница или друга државна институција, не е дозволено да се спроведуваат затвореници
Според јавната обвинителка со тоа било дозволен спровод до домовите на затворениците, загорезена била безбедноста на затворот.
-->
-->