Преглед на вестите од светот
Српските студенти во блокада ги повикаа граѓаните да бидат на собир во Нови Сад на 1 ноември, на годишнина од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град.
Ние, студентите, ве повикуваме да одржите помен низ цела Србија, но и да бидете со нас во Нови Сад, централното место на таа трагедија и солидарност со нашите колеги од Универзитетот во Нови Сад, како и со семејствата кои ги загубија децата, роднините, пријателите“, наведе студент, пренесоа српски медиуми.
Истиот повик беше испратен и од Нови Сад. Голема колона луѓе од Нови Сад пристигна на железничката станица како дел од комеморативната прошетка.
Италијански пратеник кој плови на брод од Глобалната флотила Сумуд изјави дека овој хуманитарен конвој се наоѓа на 90 наутички милји (околу 167 километри) од Газа и дека мисијата никогаш не била толку блиску до палестинската енклава.
Глобалната флотила Сумуд (ГСФ), која се состои од повеќе од 40 цивилни бродови што превезуваат околу 500 пратеници, адвокати и активисти, вклучува италијански контингент. Таа се обидува да ја пробие израелската блокада на Газа со лекови и храна, и покрај повторените предупредувања од Израел да се повлече.
Пропалестинските демонстранти го блокираа сообраќајот на улиците на Рим во средата по извештаите дека меѓународната флотила за помош за Газа била пресретната од воен персонал.
Неименуван извор близок до палестинската милитантна група Хамас изјави за саудискиот ТВ-канал Ал-Хадат дека Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната, пренесоа израелските медиуми. Изворот рекол дека Хамас побарал од посредниците во преговорите да има право да внесе промени во планот како што тоа го направил Израел, пренесува Тајмс оф Израел. Говорејќи за клаузулата во договорот со која од Хамас се бара да се разоружа, неименуваниот извор близок до оваа палестинска милитантна група изјави дека Хамас инсистира на тоа да се прави разлика меѓу одбранбено и офанзивно оружје.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар