Македонија
1. October 2025 - 16:33

Без пожари на Вардариште и Дрисла во Скопје, мерки за поддршка на бизнисот во Куманово

Решенија за Вардариште, Дрисла и дивите депонии низ градот, но и засилена градска контрола на овие места со цел да се спречат палења што го загадуваат воздухот на скопјани, ветува кандидатот за градоначланик на Скопје на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Мерките, вели Ѓорѓеивски би биле преземени веднаш, по првичната акција за чистење на Скопје во првите 72 часа од мандатот.

Јакнење на локалниот бизнис и мерки за поддршка на стопнаството пак, во Куманово ветува коалицискиот Максим Димитриевски.

Нови пет градинки во Ѓорче Петров за згрижување на сите предшколски деца во општината ветува Стојкоски.

Додека кандидатите ветуваат локални проекти, Мицкоски на партиските митинзи ветува реформи во судството и обвинителството, бидејки досега не процесуирале ниту еден случај за поранешните функционери.

Карванот на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ вечерва е во Демир Капија, Неготино и Кавадарци.