Македонија
1. October 2025 - 12:46

Кај двајца турски државјани, најдена дрога

Утрово  полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар. При претресот на местото кај што престојуваат  з што кај е пронајдена и одземена марихуана. 

- Во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска  наредба извршен е претрес во домот во кој живеат , при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.