ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети и ДУИ: Не сте вие орли туку обични врапчиња
ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на денешниот говор на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, каде беа промовирани кандидатите за градоначалници и советници.
„Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него, само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДСМ немаа,“ се наведува во реакцијата.
Од партијата потсетуваат и на случката со поранешниот премиер Зоран Заев: „Се сеќавате како Груби и Ахмети отидоа кај Заев и го ‘предомислија’ пред две години? Со што го предомислија? Епа, така функционира ДУИ и за тоа се врвни експерти.“
Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и ДУИ, со поддршка од обвинителите и судиите, постапувале незаконски. „За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – се држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите.“
Во продолжение, најголемата партија од македонскиот блок му порача на Ахмети: „Не си ти орел, туку обично врапче. А во суштина, ни вие не сте орли, туку криминални и корумпирани страчки. Албанците одамна имаат преку глава од Ахмети, а тоа ќе го покажат на следните избори – заедно со Македонците, сите сложно.“
Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ќе претрпи тежок пораз на локалните избори, по што „врапчињата ќе носат писма со понуди за коалиција и празни ветувања дека ќе се реформираат“.
„Наместо да оди во пензија, тој зборува за крв, оружје и орли. А секој пат кога ќе дојдат избори, Ахмети доживува необична трансформација. Тоа е неговиот Павлов рефлекс – на звукот на избори, автоматски следуваат закани, патетика и заплашувања. Освен што е патетично, сето ова е и смешно,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тирана ќе биде домаќин на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан
-
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
-
Русија се повлекува од Европската конвенција против тортура
-
Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици
-
Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта
-
Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
-
Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир