Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“
Владата на Словенија го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „персона нон грата“ и ќе бидат преземени исти мерки како против двата екстремистички израелски министри Итамар Бен-Гвир и Безалела Смотрич, кои во јули беа прогласени за непожелни.
– Јавноста е свесна дека тој е гонет за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики го кршат меѓународното хуманитарно право и човековите права, објави на платформата Икс државната секретарка во словенечкото Министерство за надворешни работи Неве Грашиќ.
Таа додаде дека со владината одлука „се испраќа јасна порака до Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право“.
Словенија минатата година ја призна Државата Палестина, а во август воведе ембарго за оружје врз Израел и воведе забрана за увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел.
МИА
Ново на Сител
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација
-
„Киев Индепендент“: Русија и помага на Кина во подготовките за инвазија врз Тајван
-
Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска
-
Муцунски со низа билатерални средби на маргините на Генерално собрание на Обединетите нации
-
Приведен 50-годишник во Прилеп, управувал возило под дејство на алкохол
-
Сиљановска-Давкова на Форумот на светски лидери на Универзитетот Колумбија во Њујорк: Барањето за уставни измени нема ништо заедничко со Копенхашките критериуми
-
Турција побара од УЕФА и ФИФА да го суспендираат Израел