Македонија
23. September 2025 - 19:40

Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата

Секое трето лице во државата било во контакт со корумпиран службеник лично или некој од најблиското опркружување, покажале резултатите од петгодишното истражување на Факултетот за безбедност. Според експертската јавност, системската корупција е директна безбедносна закана која го разјадува општеството, ја подрива довербата во институциите и претставува една од најголемите безбедносни закани не само дома туку и во регионот.

Сузбивањето на коруптивните случаи во последниот период, според министерот за внатрешни работи ја менува состојбата со системската корупција. Потенцира дека МВР има поинаков суштински пристап во борбата против корупцијата.

Kорупција во голема мера е намалена, но не е уништена, смета вд директорот на Управата за извршување санкции.

Како дел од 16-та меѓународна конференција за безбедност, домашните експерти повикаа институциите заеднички да вложат напори да се смени сликата, а граѓаните да стекнат доверба во државниот апарат.