Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Њујорк, а ќе учествува и на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, на состанокот на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца однесени во Русија, како и на голем број билатерални состаноци, објави Укринформ.
Според дописникот на украинската новинска агенција од Њујорк, се очекува Зеленски да присуствува и на отворањето на Општата политичка дебата во рамките на јубилејната 80-та сесија на Генералното собрание на ОН во американската метропола.
На состанокот на коалицијата за украинските деца ќе присуствува и првата дама на Украина – Олена Зеленска. Покрај украинскиот претседател, на форумот се очекува да зборува и канадскиот премиер Марк Карни.
Зеленски денеска има планирана средба и со претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, поранешна министерка за надворешни работи на Германија, додава Укринформ.
МИА
Ново на Сител
-
Герасимовски на прес конференција ја презентираше новата механизација за чистење на Центар
-
Полицаец купил половно возило кое му се расипало, се заканувал на продавачот па му го одзеле службениот пиштол
-
Герасимовски на терен: „Комунална хигиена“ оставиле контејнери сред булевар, целиот смет околу контејнерите не го собрале
-
ВМРО-ДПМНЕ број 9, СДСМ број 5 на гласачкото ливче за локалните избори
-
Арсовска: И јас се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец
-
ЦУК: Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат
-
Песков: Предлогот на Путин за намалување на нуклеарното вооружување е гест на добра волја
-
Насилство во Прилеп, петмина физички нападнале две лица, користејќи тврди предмети