Трамп на комеморацијата на Кирк: Ако даде Бог, убиецот ќе ја добие најтешката казна за злосторството

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и другите говорници на комеморацијата на стадионот во Атланта, убиениот Чарли Кирк го нарече маченик, додавајќи дека неговото име ќе живее засекогаш во хрониката на најголемите американски патриоти.
Посебно обраќање претседателот имаше за родителите на Кирк и вдовицата Ерика, изразувајќи го своето најдлабоко сочувство и истакнувајќи дека Кирк во своите 31 година донел повеќе добро и љубов на овој свет отколку што повеќето луѓе донесуваат во текот на целиот свој живот.
Повеќе десетици илјади присутни на комеморацијата тој, исто така, ги потсети на зборовите кои, како што тврди, Кирк му ги кажал пред неговата смрт: „Ве молам, господине, спасете го Чикаго“. Трамп вети дека ќе го стори токму тоа – да го спаси Чикаго од ужасен злостор.
На крајот од својот говор, Трамп ја повика вдовицата Ерика Кирк на сцената, а публиката го поздрави со громогласен аплауз кога зборуваше за волјата на Кирк за борба.
„Лекцијата од животот на Чарли е дека никогаш не треба да се потценува што може да направи една личност со добро срце, праведна кауза, светол дух и волја да се бори, бори, бори“, рече Трамп.
Тој додаде дека Америка мора да продолжи да се бори за земјата „за која живееше Чарли, слободата за која умре и за вредностите во кои длабоко веруваше“.
„Чарли создаде нешто посебно, Turning Point USA, и под водство на неговата сопруга Ерика, ќе стане поголемо и посилно од кога било досега“, рече тој.
Иако говорот имаше емотивни делови, Трамп го искористи и за низа политички пораки. Зборуваше за „левичарски манијаци“ кои ги обвини за поттикнување политичко насилство и објави дека Министерството за правда ги истражува нивните мрежи.
„Насилството најчесто доаѓа од левицата“, нагласи тој.
Тој, исто така, ги нападна медиумите и телевизискиот водител Џими Кимел, кого го нарече неталентиран, откако вториот ги исмеа изјавите на Трамп за смртта на Кирк. Во својот говор, тој се осврна и на Џо Бајден, исмејувајќи го за неговиот неповрзан настап, и рече: „Чарли знаеше што значи повторно да се направи Америка голема“.
Трамп отиде чекор понатаму објавувајќи дека неговата администрација ќе ја пронајде „причината за аутизам“, тврдејќи дека станува збор за лекот Тиленол, што е спротивно на медицинските упатства.
Претседателот, исто така, објави дека Кирк постхумно ќе биде награден со Претседателскиот медал за слобода. Церемонијата, рече тој, ќе се одржи во Белата куќа, „во многу безбедниот Вашингтон“, местото кое Кирк наводно „длабоко го почитувал“.
Додека Ерика Кирк повика на прошка во духот на верата, Трамп отворено рече: „Го мразам мојот противник и не му посакувам се најдобро“.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
