Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк

Околу 100.000 луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк на стадионот Стејт Фарм во Аризона, а се очекуваат и американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.
За настанот се воведени засилени безбедносни мерки како што се користат за Супербоул. ФБИ соопшти дека воздушниот простор околу стадионот е под привремени ограничувања за летови. Секој оператор на дронови кој ќе влезе во ограничена зона без дозвола ќе се соочи со казни и кривично гонење.
Сите автомобили поминуваат низ безбедносни проверки, поради што сообраќајот се одвива бавно. Многумина се заглавени на патот кон стадионот, а некои ги оставаат своите автомобили и продолжуваат пеш.
Организаторите на комеморацијата ги замолија луѓето кои ќе присуствуваат да носат црвена, бела или сина облека, која ги одразува боите на американското знаме.
Белата куќа објави видео во знак на почит кон Чарли Кирк на социјалната мрежа X со делови од говорот што го одржа неговата вдовица Ерика по неговото убиство.
– Немате поим каков оган запаливте. Чарли секогаш велеше дека сака да биде запаметен по својата храброст и вера. Сега и засекогаш, таа ќе биде со својот Спасител, носејќи ја славната круна на мачеништвото. Злосторниците одговорни за убиството на мојот сопруг немаат поим што направиле, вели Ерика Кирк во видеото во кое се прикажани и сцени од комеморации низ САД.
Чарли Кирк (31) беше убиен на 10 септември за време на настап на универзитет во Јута. Осомничен за неговото убиство е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој се соочува со обвиненија за тешко убиство, нелегално користење оружје и попречување на правдата.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Скопје, најави дека од вечер почнува голема акција за чистење на градот
-

Герасимовски додели 82 стипендии до 3.500 денари месечно на најдобрите ученици
-

Мицкоски за Извештајот на ЕК: Ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони ако ги направиме уставните измени и потоа ќе имаме ново вето
-

Јовева: ЕК не е фер - Македонија има напредок
-

СДСМ: Најлош извештај во последните 10 години
-

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
-

ДИК ги објави конечните резулати за избор на градоначалници во 29 општини и Град Скопје
-

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
