Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го угости турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа на 25 септември и очекува да потпише трговски и воени договори.
- Работиме на многу трговски и воени договори со претседателот, вклучувајќи го купувањето на големи авиони „Боинг“, голем договор за авиони „Ф-16“ (ловци) и продолжување на разговорите за „Ф-35“, кои очекуваме да завршат позитивно, рече Трамп во објава на неговата мрежа „Truth Social“ вчера.
Ердоган последен пат ја посети Белата куќа во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп.
„Претседателот Ердоган и јас отсекогаш имавме многу добри односи. Со нетрпение очекувам да го видам на 25 септември“, додаде Трамп.
Турција ја налути администрацијата на Трамп во 2019 година со купувањето на рускиот систем за ракетна одбрана „С-400“, а како одговор, Вашингтон ја откажа планираната продажба на авиони „Ф-35“ на Турција и го отстрани од заедничката програма за производство на авиони. Потоа Турција се согласи на договор за купување авиони „Ф-16“.
МИА
Ново на Сител
-

Предупредување во Австралија: Циклонот Фина носи разорни ветрови и силни дождови
-

Појава на одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
-

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите
-

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-

МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Јахорина за трета победа во АБА 2
-

Премиерот Мицкоски на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ во Тирана
-

Изборот на претседател на ДКСК на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
