Монтгомери: Студентските протести не беа иницирани од странство, тие не се поддржани од странски влади
Поранешниот американски амбасадор во Белград, Вилијам Монтгомери, рече дека студентските протести во Србија не биле иницирани од странство, туку одвнатре во земјата.
„Пред неколку месеци, високи владини претставници ме прашаа дали сегашните студентски протести во Србија биле иницирани од странство, дали биле поддржани од странски влади. Одговорив – апсолутно не. Нема странски ресурси и помош, тие биле иницирани во земјата“, рече Монтгомери во интервју за Недељник.
„Ако разговарате со нив, ќе речат дека се против корупцијата, но освен тоа немаат (политичка) платформа“, додаде Монтгомери.
„Разговарав со еден од студентските лидери и кога го прашав што да прават следно, тој рече дека ќе се ослободат од сите политички партии што се корумпирани, а потоа ќе ја проверат сопственоста на големите компании што се исто така корумпирани…“, рече Монтгомери.
Според него, „тие користат некаква тактика на „Отпор“, но не прават ништо од работите што се потребни за соборување на владата“.
„Разговарав со еден од студентските претставници. Тие не ги поддржуваат, на пример, политичките лидери, немаат јасен план што сакаат да постигнат, немаат перспектива да добијат надворешна помош, како што беше случајот со владата што беше формирана по падот на Милошевиќ. Ова покажува дека ова е внатрешно прашање“, објасни Монтгомери.
МИА
Ново на Сител
-
Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград
-
Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“
-
НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала
-
Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
-
МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници
-
Ангелов: Целосна контрола на пожарот над Батинци, имаме индиции дека е намерно подметнат
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда