Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк

Денеска илјадници Американци низ целата земја му оддадоа почит на убиениот американски патриот Чарли Кирк, додека неговата вдовица, Ерика Кирк, присуствуваше на бдение во Де Мојн, Ајова, каде беа прикажани слики од Кирк и неговото семејство, како и видео од говорот на Ерика Кирк, која вели дека борбата на нејзиниот покоен сопруг била духовна, а не само политичка, и дека тој сега носи круна на маченик.
-Злосторниците што го убија мојот сопруг немаат поим каков оган запалија во мене. Криковите на оваа вдовица ќе одекнуваат низ светот како боен повик, изјави Ерика Кирк.
Погребот на Кирк ќе се одржи во Аризона, а присуство најави и американскиот претседател Доналд Трамп.
Осомничениот за убиството, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се соочува со обвиненија за тешко убиство, криминална употреба на огнено оружје за нелегални цели и попречување на правдата.
Чарли Кирк беше убиен на 10 септември за време на јавен говор на универзитет во американската држава Јута.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
