Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
Германскиот канцелар Фридрих Мерц им се придружи на другите европски лидери во осудата на упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор, што означува сериозна ескалација на односите меѓу Москва и НАТО, објави ДПА.
- Русија загрози човечки животи во земја која е дел од НАТО и ЕУ, рече Мерц во Берлин.
Тој ги опиша синоќешните настани како неодговорен чин кој е дел од долга низа провокации во регионот на Балтичкото Море и на источното крило на НАТО.
- Германската влада го осудува агресивното однесување на Русија најостро, нагласи Мерц.
Тој рече дека Варшава утрово ги информирала своите сојузници од НАТО за упадот на вооружени руски дронови во нејзиниот воздушен простор.
- Добро е што Полска, заедно со своите сојузници од НАТО, успеа навреме да ја препознае оваа опасност и да ја елиминира, рече Мерц, додавајќи дека алијансата е и ќе остане подготвена да се брани.
МИА
Ново на Сител
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани
-
Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен