Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
Европратениците денеска со 490 гласови „за“, 65 „против“ и 86 „воздржани“ усвоија Резолуција со која се осудуваат „интензивираните хибридни операции и обиди за мешање на Русија“ во пресрет на парламентарните избори во Молдавија на 28 септември.
Во документот се нагласува дека континуираните обиди на Москва за мешање во демократските процеси во Молдавија имаат јасна цел за дестабилизација на земјата и за промена на нејзиниот демократски курс и суверени одлуки, особено во однос на идното членство во ЕУ. Европратениците во Резолуцијата ја поздравуваат посветеност на Молдавија на пристапувањето кон ЕУ и стабилниот напредок во реформите и покрај „значајните внатрешни и надворешни предизвици“, вклучувајќи ја и руската агресија врз Украина и „целните хибридни закани од страна на Кремљ“.
Во документот се изразува „непоколеблива поддршка“ на перспективите на Молдавија за членство во ЕУ и се повикува Европскиот советот веднаш да ги отвори пристапните преговорите со земјата по Кластерот 1 – Основни вредности, како „признание за значителниот напредок во спроведувањето на клучните реформи“.
Европратениците ја повикуваат Унијата да продолжи да ја поддржува Молдавија во спроведувањето на слободни, фер и транспарентни парламентарни избори, кои, како што се наведува, „треба да обезбедат демократска консолидација и напредок на Молдавија кон членство во ЕУ“.
Со Резолуцијата се повикуваат и молдавските власти, граѓанското општество и ЕУ да ја подобрат својата стратешка комуникација за да се спротивстават на „лажните наративи промовирани од Русија“.
– Сеопфатните правни реформи и борбата против корупцијата се клучни, како за отпорноста на Молдавија кон странско мешање и хибридни закани, така и за успехот на демократските реформи и реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ, се наведува во документот во кој воедно се поздравуваат и „континуираните напори“ на Молдавија за изградба на независен, непристрасен, одговорен и професионален судски систем.
МИА
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите