Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на денешната средба во Кина со премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека Москва никогаш не била против потенцијалното членство на Украина во ЕУ.
– Што се однесува на членството на Украина во ЕУ, никогаш не приговаравме. Што се однесува на НАТО, тоа е друго прашања … Нашиот став е добро познат: сметаме дека тоа е неприфатливо за нас, посочи Путин.
Тој додаде дека Русија била принудена да дејствува во Украина поради „обидот на Западот со помош на НАТО да го апсорбира целиот постсоветски простор.
Путин потенцира дека многу ја цени независната надворешна политика на Словачка. Фицо повеќепати ја критикуваше поддршката на ЕУ за Украина, како и политиката на изолација за Русија. Тој во мај присуствуваше на комеморацијата во Москва, а утре во Пекинг ќе присуствува на воената парада по повод 80 години од завршување на Втората светска војна и победата над Јапонија.
Словачка во голема мера е зависна од рускиот гас.
МИА
Ново на Сител
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
