Евробаскет: Втори победи за Србија и Финска
Кошаркарите на Србија и Финска ги забележаа своите втори победи на Евробаскетот во 2. коло од натпреварувањето по групи.
Најголемиот фаворит за златото Србија ја победи Португалија со 80-69 во Рига во Групата А, додека Финска беше убедлива против Велика Британија со 109-79 на домашен терен во Тампере во Групата Б.
Никола Јокиќ постигна 23 поени со 10 скокови, додека Никола Јовиќ додаде 18 поени за Србија. На другата страна, Диого Брито се истакна за Португалија со 22 асистенции.
Србија е на врвот на табелата со две победи, исто како и Турција.
Лаури Марканен имаше одлична партија во дресот на Финска, постигнувајќи 43 поени, од кои 29 во првото полувреме кога домашната екипа го градеше водство. Лук Нелсон беше најефикасен играч во британскиот состав со 12 поени.
По две кола во Групата Б, Финска, Литванија и Германија имаат по две победи, додека Шведска, Црна Гора и Велика Британија имаат по два порази.
ГРУПА А (Рига)
Турција – Чешка 92-78
Латвија – Естонија 72-70
Србија – Португалија 80-69
ГРУПА Б (Тампере)
Германија – Шведска 105-83
Литванија – Црна Гора 94-67
Финска – Велика Британија 109-79.
МИА
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз
-
Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк
-
Вучиќ: Пред Народното собрание се случи тежок терористички чин
-
Претреси во Скопје поради сомнение за лихварство и перење пари
-
Вонредно обраќање на Вучиќ по пожарот пред Собранието на Србија
-
Русите нападнаа детска градинка во Харков
-
Побаран притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница
-
Саркози во затвор го чуваат полицајци