Македонија лани ја посетиле 7.600 Французи

Македонија како туристичка дестинација забележува напредок од 14,2 проценти за само една година, со вкупно 485.530 туристи во 2015 година, јавува специјализираната ревија за туризмот „Тур Маг“, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според статситичките податоци кои ги објави ревијата, во 2015 година туристите во Македонија реализирале повеќе од еден милион комерцијални ноќевања (1.036.383), а земјава ја посетиле точно 7.603 Французи.
Францускиот пазар на турстичката понуда за Македонија за само една година забележа пораст од 41,4 отсто, додека 7.603. француски посетители во Македонија оствариле 17.284 ноќевања.
Французите сепак претставуваат само 1,57 проценти од сите туристи кои допатувале во Македонија, но нивното присуство е со најсилен раст. Гостите од Франција беа побројни за 41,4отсто во 2015 година во споредба со претходната година, тие од Холандија (+ 23,4%), Велика Британија (15,7%), Германија (15,4%) и Белгија (+ 14,6%).
Од 2013 година, просечната должина на престојот на Французите во Македонија се зголеми за 21 проценти и просечно тие поминуваат 2,2 ноќи.
Порастот на француските турсти во Македонија се должи на поагресивното македонско турстичко претставување во најголемата туристичка дестинација во светот.
Ново на Сител
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
-

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД
-

Путелас и Кејн добитници на „Златната топка“ за 2026 година
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-

Променливо облачно и ветровито
