Македонија
25. August 2025 - 16:34

Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство

Голема акција на Финансиската полиција – извршени се претреси на повеќе локации во Куманово, Липково и Желино. Целта е, како што велат од финансова, разоткривање на криминална група која дејстувала подолго време. Уапсени се повеќе лица, а едно е во бегство.

Се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари. Направена е штета на државниот буџет од 7 милиони евра.

„По налог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во акцијата со асистенција на САЕ “Тигар”од слобода се лишени 7 лица и истите се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, а едно лице не е достапно на органите на прогонот“, велат од финансиската полиција.

Оттаму појаснуваат дека се работи за сложена предистрага која траела две години. Неофицијално, се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати.