Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа го повика Израел да ги запре плановите за оспоруваниот проект за населување на окупираниот Западен Брег, велејќи дека со тоа се крши меѓународното право и е спротивен на резолуциите на ОН, јави ДПА.
- Напредокот на овој проект е егзистенцијална закана за решението со две држави. Тоа би го одвоило северниот и јужниот Западен Брег и би имало сериозни последици за територијалната континуитет на окупираната палестинска територија, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дужарик.
Решението со две држави се однесува на независна палестинска држава што мирно ќе егзистира покрај Израел, потсетува ДПА.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрла решението со две држави – како и постоењето на палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа.
Претходно вчера, потсетува германската агенција, израелскиот комитет за планирање го одобри планот за изградба на околу 3.400 станбени единици во таканаречената област Е1, критичен дел од земјиштето помеѓу Источен Ерусалим и населбата Маале Адумим.
Проектот ефикасно би го поделил Западниот Брег на северни и јужни делови, што би го отежнало, ако не и го направи невозможно создавањето на последователна палестинска држава.
Одлуката на Израел доаѓа во време кога неколку земји, вклучувајќи ги Франција, Канада и Австралија, ветија дека ќе признаат палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
-
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори