Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
Поранешниот директор на истражниот затвор во Шутка, Филип Андов, седна на обвинителна клупа во кривичниот суд.. Тој е обвинет за злоупотреба на на службената функција, бидејќи, според Обвинителството, подолг период им дозволувал на петмина осуденици да ја напуштаат установата. Со службено возило на затворот тие биле носени до своите домови и други локации, иако такви погодности, како што наведува обвинителството, не им следувале согласно судските одлуки.. Андов, пак, во изјава за медиумите рече дека работел законски..
„Во својот мандат од 3,5 години како директор на затвор „Скопје“, во ниеден случај не сум го прекршил начелото на законот за извршување на санкции. Никогаш не сум ја повредил безбедноста на затвор „Скопје“, тоа можам да го кажам“, изјави Филип Андов, поранешен директор на КПУ затвор „Скопје“.
Заедно со Андов, обвинетите се и седуммина полицајци од затворот во Шутка.. Дел од нив на денешното рочиште ги добија доказите за постапката, и на следното рочиште закажано за во септември ќе слушнат за што точно се товар.. Тогаш ќе треба и да се изјаснат дали се чувствуваат виновни..
„Видовте и сами дека сме на почеток на постапката. Со повеќе детали не би навлегувале во моментот. Очекуваме на следното рочиште да се произнесат обвинетите за, дали се виновни или не, и можеби да се започне со доказна постапка“, изјави Стојан Анѓелески, Адвокат.
Во одбрана на обвинетите застана синдикатот на затворска полиција.. Од таму велат, дека пред да се бара вина, институциите мора да обезбедат соодветна заштита за службените лица во затворите кои секојдевно биле изложени на високи безбедносни ризици.. Како клучни проблеми ги посочија недостигот на униформи, средства за врзување, старото оружје, постојаните закани по живот и безбедност од осудени лица, нивните семејства и организирани групи.. Поддршка за полицајците со кои ја дели обвинителната клупа, даде и Андов..
„Можам да нагласам дека си ја имаат извршено во потполност правилно изработена целата задача и тие се бесправно обвините“, тврди Андов.
И покрај обвинението за злоупотреба на положбата, седуммината полицајци и понатаму се на своите работни места и ангажирани на спровод на затвореници..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар