Македонија
19. August 2025 - 12:36

Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви

Започна државниот откуп на пченица за потребите на стоковите резерви. Државата ќе откупи 9000 тони пченица од годинашната реколта. Откупот се врши во млиновите низ целата земја, а земјоделците треба да се пријават дека бараат нивната пченица да биде предадена во стоковите резерви.

- Тие што сакаат да продадат пченица за стокови резерви, цената ќе биде 13 денари плус ДДВ. Има одредено конкретно млинови во повеќе градови, кои ќее откупуват и по која цена. Само тие што веќе ја имаат однесено пченицата во млиновите, складирана, треба да се пријават по овој оглас и по автоматизам ќе им подготват документи за д аја продадат пченицата за државните резерви. Секој индивидуален земјоделц може да продаде количина од 5 до 30 тони пченица, изјави Гоце Серафимовски, претседател на Асоцијација на земјоделци.

Ова е прва година државата да откупува домашно лебно зрно за потребите на стоковите резерви.

- Годинава оваа мерка малку задоцни. Од следната година ќе биде донесена, објавена, еден месец пред почетокот на жетвата. Се надеваме дека цената ќе биде поголема и на тој начин ќе се постигнат повисоки цени во екот на жетвата, додаде Серафимовски.

Актуелните откупни цени од 12 и 13 денари за килограм пченица во зависност од квалитетот, е на работ на рентабилност, односно, скоро е идентична со производната цена, што резултира секоја година површините под лебно зрно да бидат се помалку.