Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
Онколошки амбулантски терапии наскоро ќе започнат да се аплицираат во Штип, најави при последната посета на Клиничката болница министерот за здравство, Азир Алиу. Новиот онколошки центар, на пациентите ќе им овозможи да добијат третмани блиску до својот дом, со што ќе се намали нивниот стрес и патувањата.
- Тие пациенти се сензитивни и сакаме да не патуваат за Скопје за делот кој се однесува на процесот на нивното лекување, да можат да ги аплицираат локално овде. После креираење на минмимум задолжителни услови, ценам дека за кратко време и таа амбуланта за онколошките пациенти ќе биде дел од вашата Клиника, изјави Азир Алиу, министер за здравство
Алиу најави дека се разгледуваат и можности за воведување на теле медицина и учење од далечина, односно, стекнатите врвни медицински знаења на лекарот специјалист при претстојот во странство, да бидат пренесени на поширок круг негови колеги во земјата.
- Сакаме тие знаења да ги дисперзираме. За жал, досега тие знаења се држеа само на ниво на доктор специјалист или максимум на колегите кои му се блиски, со кои физички работат заедно. Сега ќе инсистираме преку тоа учење од далечина да може тие базични информации, а понекогаш доволно е и ресурси да се дисперзираат. Значи „таму видов една база со мултимедијални материјали, ве молам колеги, еве ви го линкот, за да можете да ги анализирате“, додаде Алиу
Во наредниот период ќе се работи и на надминување на проблемот со недостиг на лекари, медицински сестри и технички персонал низ болниците во земјава, зашто инвестициите во инфраструктурата на здравствените установи не е доволна доколку нема обучен кадар кој ќе раководи со современите медицински процеси.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар