Македонија
8. August 2025 - 16:47

Громорозно убиство во Штип

Грозоморно убиство во Штип се случи во раните утрински часови. Педесет и четири годишен маж ја уби својата 84 годишна мајка. Убиството се случило во семејниот дом, кога синот во алохолизирана состојба ја прободел мајка си. До сега физичко насилство кон родителите покажувал во неколку наврати, поради што и бил пријавуван во полиција, но подоцна неговите блиски ја повлекувале пријавата, со надеж дека работите ќе тргнат на подобро, а тој ќе се излечи од зависноста од алкохол и хазардерство. 

- Денеска во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип со Јавен обвинител, при што остриот премет со кој е извршено убиството е пронајден и одземен за понатамошна постапка. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава под итна постапка. 

Вториот инцидент во СВР е пријавен 20 минути пред полноќ. Се случил во семејна куќа во Штип, кога дошло до расправија помеѓу сопружниците. Според пријавеното, 71 годишниот сопруг ја фатил за врат 65 годишната сопруга, а таа му возвратил со напад со остар предмет. Мажот веднаш бил пренесен во штипска Клиничка за да му биде укажана лекарска помош. Осомничената за нападот е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.