ОН „силно се спротивставува на каква било ескалација“ на војната во Газа
ОН силно се спротивставува на проширувањето на израелската офанзива во Појасот Газа, објави ДПА, повикувајќи се на синоќешната изјава на заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак, во Њујорк.
-Категорично сме против каква било ескалација на конфликтот, рече Хак. „Тоа е веќе исклучително деструктивно“, додаде заменик-портпаролот на ОН.
Според Хак, конфликтот веќе предизвикал „повеќе од 60.000 жртви“ во речиси двегодишните борби.
-Постои можност за огромно човечко страдање, вклучително и потенцијално гладување, што би можело да се влоши ако конфликтот ескалира“, додаде портпаролот.
Неговите коментари дојдоа откако израелскиот кабинет за безбедност се состана за да разговара за понатамошните чекори во војната во Појасот Газа.
Израелскиот кабинет за безбедност утрово одобри план за заземање на градот Газа, што означува нова ескалација во 22-месечната офанзива на Израел, која започна како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош се дистрибуирани минатата недела во Газа
-
Поранешниот премиер на Чад осуден на 20 години затвор за поттикнување насилство
-
Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев
-
Трамп ја номинираше Тами Брус за заменик-претставник на САД во Обединетите нации
-
Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска
-
Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила
-
„Волстрит џурнал“: Украина и ЕУ предлагаат договор за прекин на огнот со Русија
-
Сончево и многу топло време со температура до 39 степени