Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите
Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги почна да ги дава првите резултати. На почетокот на овој месец, трите големи банки и една средна банка соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, соопшти гувернерот Трајко Славески.
Како што рече денеска на прес-конференција, ова се очекува и од другите средни и од помалите банки.
Според Славески, намалувањата се особено значајни за извршување на плаќањата на клиентите преку интерните системи на банките, како и преку платните системи каде плаќањата се извршуваат меѓу банките во реално време во текот на денот.
-Банките се повеќе почнуваат да ги нудат бесплатно плаќањата што се иницирани преку електронското и мобилното банкарство и се извршуваат во нивните интерни системи. Забележуваме надолна корекција на висината на надоместоците кај една од банките и кај повлекувањето готовина на шалтерите на банката, како и кај останатите услуги поврзани со плаќања во готовина, преписи на документација и издавање потврди, истакна гувернерот.
Тој најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива за измени на законското решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки.
На граѓаните ќе им се овозможи дозволено пречекорување што моментно не е случај и не ќе мораат да ги затвораат останатите платежни сметки во денари за да ја користат платежната сметка со основни функции.
Народната банка предлага цената на услугите што ќе може да се користат преку платежната сметка со основни функции, да биде поврзана со износот на минималната бруто плата и да биде утврдена на најмногу 0,1 отсто од неа, што согласно важечката минимална бруто плата за 2025 година би изнесувала 36 денари месечно. Граѓаните, пак, од ранливите категории се предлага да ги добиваат услугите бесплатно.
МИА
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница