Охридско лето денес слави 65 години роденден
Реномираниот фестивал "Охридско лето" денеска го слави 65 от роденден. Директорот на најпрестижната културна манифестација во земјава Цуцковски најави дека овој ден ќе биде прославен грандиозно онака како што заслужува самата институција со настап на Македонската сопранистка Ана Дурловски во катедралната црква Света Софија.
Фестивалот веќе е во втората половина од програмата. До 20 ти август се најавени уште голем број настани и гостувања на еминентни уметници од земјава и странство.
Охридско лето денеска го слави 65-от роденден, ден кога во 1961 година во катедралната црква „Света Софија“ беше означено раѓањето на најголемата македонска културна манифестација со настапот на оперската дива Ана Липша Тофовиќ.
Програмскиот наслов на годинешното фестивалско издание е -„Уметноста трансформира“, што укажува на висококвалитетната програма вклучувајќи настапи од реномирани уметници и групи, правејќи го место каде што се спојуваат традицијата и современите уметнички изрази.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар