Преглед на вестите од светот
69 држави добија нови тарифи од Соединетите Американски Држави. Претседателот Трамп ја потпиша одлуката што ќе значи царини кои во главно ќе варираат од 10 до 40%. Царините во сила стапуваат за една недела отсега.
Во претходните денови, Трамп склучи договори со неколку трговски партнери, како Европската Унија, Велика Британија, Јапонија и Северна Кореја.
Одлуката на Трамп предизвика неизвесност. Тоа, пак, ги бутна берзите ширум светот. Пад има и во Америка, и во Европа и во Азија. Светските економски експерти сепак се надеваат дека американските судови би можеле да го зауздаат Трамп.
- Уште една важна работа што треба да се земе предвид е дека не сме ни сигурни дали овие царини се воопшто легални или не, бидејќи меѓународниот трговски суд во САД ги оцени повеќето царини што ги воведе САД како нелегални. Сега, засега, тие се во сила, но само вчера започна жалбениот процес и има нова рунда сослушувања.
Меѓутоа, европските аналитичари гледаат шанса за европските берзи по одлуката на Трамп.
- Ова е нашата голема можност овде во Европа. Затоа многу инвеститори од САД го префрлија својот фокус кон Европа и купија европски акции, бидејќи имаме слобода да избереме да тргуваме со Бразил, со азиските земји и така натаму. Секако, тие сега мора да бараат алтернативи. Оваа поблиска соработка е можност, но мора да ја искористиме. Сепак, тоа нема да се случи преку ноќ. Сепак, мора напорно да работиме на тоа бидејќи царините со САД веројатно ќе останат на сила засегам вели главниот аналитичар во ЦМЦ Маркетс, Јохен Штанзл.
Продолжува ужасот врз Палестинците во Газа.
- Бевме во нашиот шатор кога татко ми и јас отидовме во нашата куќа да собереме некои работи. Тој влезе внатре додека јас чекав надвор. Одеднаш, еден човек дојде и ми кажа дека татко ми е убиен. Па го извлековме надвор.
Децата, според УНИЦЕФ, се уште се најголемите жртви во војната која досега одзеде над 60.000 животи. Обединетите нации предупредуваат дека хуманитарната акција во Појасот Газа се уште има проблеми и бараат од Израел да дозволи влез на хуманитарна помош од сите гранични премини.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул отиде во Палестина, но на Западниот Брег. Побара од израелските граѓани кои масовно се населуваат таму да запрат со насилството врз Палестинците во Западниот брег.
- Би сакал многу јасно да кажам дека ваквите дела се злосторства, тие се терор и конечно мора да бидат гонети од полицијата. Извештаите дека припадници на Израелските одбранбени сили стоеле настрана и ги гледале или дури ги поддржувале овие дела се ужасни.
Киев тагува по 31 жртва во нападот со дронови и ракети врз украинската престолнина. Знамињата се на половина копје откако вчера во најсмртоносниот руски напад годинава загинаа 31 лице, а повредени беа 159 луѓе. Меѓу жртвите имаше и деца.
Украинците бараат поддршка за да се сопре рускиот претседател Путин.
- Има многу што САД можат да направат за да влијаат врз Русија, дали Путин ќе го послуша, не знам. Во основа, немам поим што мисли, ми се чини дека не е при здрав разум, па затоа е малку веројатно.
Русија вчера нападна со повеќе од 300 дронови и осум ракети. Претходно американскиот претседател му даде рок на Путин до 8 август да склучи договор за мир, во спротивно САД ќе одговорат со економски притисок и санкции врз Москва.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар