Обвинение за мотоциклистот кој усмрти пешак на пешачка патека и побегна
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненителен акт против едно лице во врска со тешка сообраќајна несреќа што се случи на 1 јули годинава на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, при што животот го загуби пешак, а уште едно лице беше повредено.
Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи. Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци.
Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Југослав Николовски (1957), кој се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и сопатникот на моторот.
Наместо да укаже помош, обвинетиот го напуштил местото на несреќата, оставајќи го моторот зад себе. Пешакот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна им подлегнал на повредите.
Обвинителството го товари лицето за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
До Судот е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор.
МИА
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница