-->
-->
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО
-->
Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија спречи можен инцидент на летот на EasyJet од Лондон Лутон до Глазгов.
Патник со индиско потекло извикувал „Смрт за Америка“, „Алаху Акбер“ и тврдел дека во себе има бомба.
Настески реагирал веднаш, го соборил на подот, му го одзел телефонот и го држел се до слетувањето кога патникот бил уапсен од шкотската полиција.
Настески кој се сели во Србија по десет години работа во Англија раскажува дека во тој момент единствена мисла му била безбедноста на другите патници.
Видеото од инцидентот кое стана вирално на социјалните мрежи го објави индискиот канал NDTV.
Шкотската полиција потврди дека уапсениот 41-годишен маж дејствувал сам, а при претресот не бил пронајден експлозив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците