Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
Северна Кореја нема интерес за политики и иницијативи за помирување со Јужна Кореја, изјави Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, јави државната новинска агенција КЦТА.
Ова е прва реакција на Пјонгјанг по повиците за подобрување на односите од новиот јужнокорејски претседател Ли Џае-мјунг.
Ким Јо-џонг,, висока претставничка на владејачката партија, за која се смета дека зборува во име на нејзиниот брат, истакна дека Ли Џае-мјунг не се разликува од неговиот претходник, бидејќи продолжува со тесна соработка со САД.
„Ако Јужна Кореја мисли дека може да ги избрише последиците од своите постапки со неколку сентиментални зборови, тогаш тоа е најголемата заблуда“, се наведува во нејзината изјава.
МИА
Ли Џае-мјунг ја презеде функцијата на 4 јуни по предвремените избори, откако претходниот претседател Јун Сук-јеол беше отстранет поради обид да воведе воена состојба. Новиот претседател вети дека ќе се заложи за подобрување на односите со Пјонгјанг, кои се во најлоша фаза во последниве години.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра