Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези

Австриската министерка за надворешни работи и лидерка на либералната партија НЕОС, Беате Мајнл-Рајзингер, во интервју за германскиот весник Ди Велт (Die Welt) изјави дека Русија сè повеќе губи ресурси и човечки потенцијал за продолжување на војната против Украина, предупредувајќи дека „ковчезите ќе се натрупаат во Русија“. Таа нагласи дека Кремљ нема вистинска намера за мир.
– Украина сака мир, Русија не. Ако Путин навистина сакаше мир, досега ќе започнеше преговори – рече таа.
Според неа, американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на Путин отстапки – Крим, источни украински региони и неутралност на Украина во однос на НАТО – но Русија не ја искористи таа можност за деескалација, туку продолжи со „војна на уништување“.
Мајнл-Рајзингер посочи и на катастрофалната состојба на руската економија, потенцирајќи дека Кремљ сè потешко ќе може да ја одржува воената машинерија.
Во врска со австриската неутралност, министерката порача дека земјата мора отворено да разговара за својата безбедносна иднина. Иако нема мнозинство за приклучување кон НАТО, таа оцени дека дебатата е неопходна. – Неутралноста сама по себе не нè штити. Она што нè штити се инвестициите во сопствената одбрана и партнерствата, порача таа.
Мајнл-Рајзингер нагласи дека Австрија веќе придонесува за европската безбедност – политички и финансиски – и потсети дека австриските војници се дел од мисиите на ЕУ.
За ситуацијата во Појасот Газа, таа рече дека Австрија стои зад Израел, но и дека мора да се почитуваат хуманитарните стандарди. – Како пријатели, мораме да кажеме дека сегашната хуманитарна состојба е неприфатлива. Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува, вели шефицата на австриската дипломатија.
Австрија е една од над 20 земји кои бараат прекин на војната во Газа. Според министерката, предуслови за мир се ослободување на израелските заложници и уништување на терористичката организација Хамас.
Во делот за идеолошките разлики меѓу европскиот либерализам и американскиот либертаријанизам, таа предупреди на растечката комбинација од „техно-олигополски авторитаризам со религиозни тонови“ во САД и рече дека го споделува критицизмот кон радикалната „култура на будност“ (woke), којa според неа не гради слободно општество.
МИА
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
