Пожарот во општина Василево петти ден активен
Продолжува да гори на планината Готен во општина Василево, петти ден по ред. Високите температури, лесно запаливата вегетација и исклучително непристапниот терен сè уште не им дозволуваат на противпожарните сили да го стават огнот под целосна контрола.
Со цел да се спречи неговото ширење кон квалитетната шума и соседните општини Радовиш и Берово, во изминатите денови е оформена противпожарна пресека со должина од околу 17 километри.
Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 100 тина лица, припадници на Македонски шуми, противпожарни единици и доброволните друштва. Денеска на терен се приклучија и над триесетина припадници на АРМ, а од воздух делуваше и армискиот хеликоптер.
До сега со овој пожар зафатени се над 200 хектари, пред се деградирана шума. Според информациите од терен во моментов нема загрозено имоти и лица.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар