Македонија
19. July 2025 - 16:29

Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата

Откако Јавното обвинителство објави дека кривично ќе ја гони актуелната претседателка на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, експертската јавност оценува дека таа треба сериозно да размисли за  повлекување од функцијата.. Истрагата ги потврдила сомнежите дека првата антикорупционерка оддавала службени тајни, дополнително, се утврдило дека таа го лажирала и тестот за  добивање безбедносен сертификат за државна тајна.. Според Транспаренси Интернешнл, обвинението против Димитровска, сериозно го нарушува угледот на ДКСК..

„Уште со подигнувањето на истрага, луѓето поучени од многуте скандали кои се случиле, веќе изградија сопствена слика за она што и се става на товар на претседателката на ДКСК, па во оваа фаза, уште повеќе може да кажеме дека е нарушен угледот, како нејзе на личност и член на ДКСК, така и на самата институција. Фунцкионалноста како таква, продолжува со оние членови кои ја вршат таму функцијата, меѓутоа, за да има практична фунцкионалност, би требало претседателката да поднесе оставка  во оваа фаза и Собранието да избере нов член“, изјави Благоја Пандовски, Претседател на Транспаренски Интернешнл – Македонија.

Засега, нема реакција од комисијата за спречување на корупцијата, ниту од самата Димитровска. Во своето последно обраќање до јавноста откако беше објавено дека е под истрага, таа истакна дека секој е невин додека не се докаже спротивното, и нагласи дека другите членови на Комисијата не се поврзани со случајот.. Сепак, според Транспаренси, обвинението против првата антикорупционерка, може да влијае врз работата на институцијата..

„Во ваква ситуација, верувам дека ќе се намали пријавувањето на граѓаните на корупција во оваа институција со тоа и нарушување на довербата во истата“, вели Пандовски. 

Претседателката на антикорупциска, обвинета е дека споделувала информации за тековни истраги со обвинет во предметот „Адитив“, и според предлогот на обвинителството и таа ќе треба да седне на обвинителна клупа за случајот, а рочиштето е закажано за почетокот на септември..    

Од опозициската СДСМ информираат дека случајот бил тема на внатрепартиски разговори, а ставот на пратеничката група во собранието, ќе се дефинира дополнително.. Реакција од парламентарното мнозинство, се уште нема.. 

Димитровска беше избрана од собранието на крајот од 2023 година..