Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
Најголемата домашна компанија за производство на електрична енергија АД ЕСМ и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска склучија партнерство преку Меморандум за соработка, означувајќи стратешки чекор кон зајакнување на врските меѓу индустријата и академската заедница. Меморандумот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски има за цел да ги спои теоретското знаење и иновациите со практичните потреби и предизвици, отворајќи нови можности за заеднички развој и дигитална трансформација.
„Соработката е од суштинско значење за нашата компанија и за енергетскиот сектор, воопшто. Станува збор за една од водечките високообразовни институции во областа на информатичките технологии која ќе ни овозможи пристап до најновите иновации и експертиза, кои се клучни за оптимизација на нашето производство, подобрување на безбедноста и дигитална трансформација. Партнерството со ФИНКИ ќе ни помогне да ги задоволиме растечките потреби на енергетскиот пазар и да придонесеме за стабилен енергетски систем“, изјави Узунчев.
Деканот на ФИНКИ ја нагласи взаемната корист од соработката.
„Исклучително сме горди на зајакнување на соработката со најголемата и стратешки најважната домашна компанија за производство на електрична енергија. Ова е одлична можност за нашите студенти и професори да ги применат своите знаења и истражувања во реални индустриски услови. Преку пракси, менторство и заеднички проекти, студентите ќе се здобијат со драгоцено искуство кое ќе ги подготви за пазарот на трудот. Во исто време, нашата експертиза во области како вештачка интелигенција, анализа на податоци и сајбер безбедност ќе помогне на АД ЕСМ да ги адресира предизвиците и да ја зајакне својата позиција како иновативен лидер во секторот, и во насока на зајакнување на примена на новите технологии во развојот на иновациите во енергетскиот сектор“, рече Јакимовски.
Стратешкото партнерство ќе опфати повеќе клучни области - истражување, практична настава и пракса за студенти, обуки, размена на знаење и експертиза, како и реализација на заеднички проекти.
МИА
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово