Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
Општина Кисела Вода ја бележи 2025 година како најуспешна година по реализација на капитални проекти во својата историја. Како што информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по денешата седница на Советот, каде беше усвоен ребаланс на Буџетот, само во првите шест месеци од годинава се реализирани повеќе капитални инвестиции отколку што биле реализирани во целосни буџетски години во минатото.
- Со денешниот ребаланс на Буџетот, се заокружува најинтензивниот инвестициски период во историјата на Кисела Вода. Само преку него, се обезбедени дополнителни 399.947.510 денари за капитални проекти. Кога на ова ќе се додадат средствата веќе предвидени во Основниот буџет за 2025 година, вкупниот износ за капитални инвестиции достигнува рекордни 858 милиони денари, што е значително повеќе од целокупните буџети на општината за време на цел четиригодишен мандат на моите претходници-изјави Ѓорѓиевски. Реализацијата на капиталните проекти во првата половина од 2025 година изнесува 130.003.985 денари, средства со кои се завршени бројни инфраструктурни зафати и други капитални инвестиции. Споредбено со минатото, оваа бројка речиси двојно ја надминува реализацијата во некои од годините под раководство на СДСМ. Покрај капиталните проекти, рекордно ниво е достигнато и во исплатата на субвенции и социјална помош за граѓаните. Вкупно 67 милиони денари се исплатени до сега, што е повеќе од четири пати повисоко ниво во споредба со 2020 и 2021 година. Овој резултат не е случаен. Тоа е резултат на транспарентно, чесно и одговорно управување. Ги скративме непродуктивните трошоци, го зголемивме степенот на наплата и ја удвоивме приходната страна на буџетот. Покажавме дека кога има ред, кога средствата се трошат совесно, се постигнуваат рекорди - посочи градоначалникот Ѓорѓиевски.
Во својата, последна година како градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски го заокружува мандатот со целосна реализација на речиси 95% од ветената програма и со обнова и изградба во речиси секоја урбана и рурална заедница во општината.
-Ова не е само финансиска и инфраструктурна пресметка. Ова е резултат на еден целосно сменет начин на работа – создадовме нова доверба кај граѓаните, ги ставивме нивните потреби пред политиката, и покажавме како изгледа локална самоуправа која функционира со ред и резултати. Се гордеам што во моментов Кисела Вода е општина која ги менува на подобро вредностите на живеењето. Исто таков модел на менаџирање заслужува и Скопје- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Австриска министерка за надворешни работи: Путин губи време, Русија ќе биде преплавена со ковчези
-
Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа
-
Алиу: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
-
Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови
-
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни