Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави одлуката на судот за изречената ефективна затворска казна од три месеци за убиството на кучето Феликс на Љубе Крстевски.
Пресудата, според активистите за заштита на животни, е доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, оти, како што посочуваат, промените се случуваат и борбата против неправда има ефект.
- Судиjката Лидија Петровска при изрекувањето на пресудата рече: „Изрекувањето на ефективна казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и ќе превенира слични постапки во иднина. Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост особено во контекст на зголемениот број на случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето затворска казна се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните“, стои во соопштението на Зелен хуман град.
Тие посочуваат дека ќе се борат за секое животно што настрадало од човечка рака.
Основниот кривичен суд во Скопје денеска ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди.
Ова е прва пресуда со затворска казна за овој вид кривично дело.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци