Македонија
19. March 2016 - 16:50
Продолжена ски сезона на Попова Шапка
Најновите врнежи од снег овозможија да се продолжи скијачката сезона на Попова Шапка. Дополнителните денови со снег се причина за задоволство кај туристичките работници со оглед на можноста за поголема заработка.
И кај скијачите се задоволно што временските прилики им овозможија да имаат некој ден повеќе за скијање.
За Попова Шапка е изработен мастер план според кој во наредните години треба да се изврши подобрување во инфраструктурата и да се овозоможи подобри услови за развој на зимскиот туризам.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
